Поврзете се со нас

Лига на нации

„Змиите“ Рајс и Грилиш ја „каснаа“ Ирска, Ерменија со „тројка“ пред гостувањето во Скопје (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/itvfootball

Селекцијата на Англија ја потврди фаворитската улога и славеше над Република Ирска со 2-0 во рамките на групата 2, сегментот Б во Лигата на нации.

Ова беше прв меч за новиот селектор Карсли кој привремено треба да ја извршува оваа функција, но со сигурно настапи и победи како оваа можеби и ќе стане перманентен предводник на „трите лава“.

Победата за Англичаните ја донесоа двајцата играчи кои воопшто не се омилени кај Ирците, двајца играчи кои во минатото играаза оваа селекција во помладите категории за да потоа „свртат друг лист“ и се решат да го носат дресот на „гордиот албион“.

Се работи за Рајс и Грилиш, првиот стрелаше во 11 минута и не се радуваше за разлика од Џек кој прослави кога погоди во 26 минута.

Во нашата група пак Ерменија не згреши и ја суреди Летонија со 4-1 што значи во одлична форма, самодоверба ќе слета во Скопје на пресметката со македонската репрезентација, пресметка закажана за 10 септември на националната арена „Тодор Проески“,

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни