„Златоустиот“ Хамилтон со игра на зборови го шиканираше Фетел

Photo credit: Steve Etherington / Mercedes Benz ArchivePhoto credit: Steve Etherington / Mercedes Benz Archive

Луис Хамилтон е во центарот на виниманието по освојувањето на четвртата титула во Формула 1, при што британскиот пилот во многу изјави се осврна на идните предизвици меѓу кои се издвојува онаа во која несебично го даруваше Макс Ферстапен со „тешки“ комплименти.

Меѓу другото, тој посочи дека ќе мора самиот тој да биде на повисоко ниво, заради растечкиот притисок од воачот на Ред Бул, игнорирајќи го Фетел кој беше најсериозен ривал се до летната пауза, по која Хамилтон успеа да направи пресврт.

– Сакам да бидам подобар следната година. Предизвикот ќе биде поголем за Ферари и Ред Бул. Формула 1 не спие, не стои во место. Секогаш има некој што сака да ја земе мојата позиција. Макс е тука и чека да ја земе. Морам да го подигнам нивото за следната година да останам пред него, тоа ме мотивира. Веќе имам мотивација за следната сезона,- рече Хамилтон по трката во Мексико.

Во друга изјава тој му посака на Ферстапен подобар мотор за следната сезона и подели уште повеќе комплименти за возачот на Ред Бул.

– Макс е исклучителен возач. Возеше фантастично и да се види неговиот тркачки материјал на стартот беше восхитувачко. Со нетрпение очекувам нов дуел со него. Се надевам дека ќе имаат подобар мотор следната сезона и почесто ќе бидат конкурентни. Тоа ќе биде подобро за спортот. Имате потенцијален светски шампион во Макс и тој ќе биде само посилен со годините, затоа што има неизбрусен талент. Пред него е долг пат, но овие победи го засилуваат неговиот потенцијал,- изјави Луис.

До крајот на сезоната има уште две трки, во Бразил и Абу Даби.

Facebook Коментари