Европски првенства
Златните кошаркари на прием кај премиерот Мицковски и министерот за спорт Ристовски
Сергеј Младеновски, Никола Јаничиќ, Сергеј Петровиќ, Ристе Букршлиев, Дарјан Димовски, Атанасиј Трајанов, Лука Марјановиќ, Коста Ќириловски, Бојан Димитриев, Давид Петрушевски, Марко Луканоски и Стефан Стојковиќ се имињата на дванаесетте кошаркари кои вчера, 4. август, ги освоија златните медали на Европското првенство за кошаркари до 18 години, дивизија Б.
Кошаркарите, поддржани од клупата од селекторот Горан Андреевски, неговите стручни соработници Никола Димитриевски и Един Имер како и тренерот за физичка подготовка, Трајче Стојанов и медицинскиот двоец – Дарко Гогов (доктор) и Крсте Гелејчевски (физиотерапевт) запишаа осум победи од исто толку вкупен број на натпревари.
Репрезентацијата, заедно со раководството на Кошаркарската Федерација денеска беше на прием кај Претседателот на Владата на Републиката, господинот Христијан Мицкоски, кој заедно со Министерот за спорт, Борко Ристовски, упати пофални зборови за целокупната работа и успех.
– Денес ја имав честа да ги примам нашите млади херои кои донесоа злато. 8:0 на Европскиот шампионат во кошарка за возраст до 18 години, Б дивизија и златен медал. Македонија е горда на нивниот успех. Дело кое треба да се следи, – истакна Премиерот по средбата.
Министерот за спорт не ги штедеше пофалбите за младите кошаркари.
– На мое големо задоволство гости во владата беа нашите херои кои донесоа злато. Наша обврска е да нивниот успех го следиме и создадеме услови за уште поголеми победи. Победи кои ќе значат промоција на Македонија и создавање на нови идоли во кошарката! Честитки момци! Македонија се гордее со вас! – напиша Министерот за спорт по приемот на својот официјален профил на социјалните мрежи.
-
Македонијапред 19 часа
Иџе ја заврши сезоната како најдобар во својата група: Македонија, ова е за тебе (Фото)
-
Италијапред 16 часа
Драма во 94. минута: Катастрофална грешка на судијата Паирето ја остави Монца без стопроцентна шанса за победа (Видео)
-
Лига на шампионипред 21 час
Де Вриј подготвен за Халанд по киксот со Монца: Може да се сопре само на еден начин
-
Шпанијапред 18 часа
Капитенот на Севилја постигна гол после пет години, па откри голем здравствен проблем: Има денови кога не можам да станам (Видео)
-
Шпанијапред 20 часа
Јамал верува во подзаборавениот играч на Барса: Тој е специјален и може да ни помогне
-
Шпанијапред 9 часа
Ѕвезда на Барселона почна да тренира со екипата по пет месеци (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 11 часа
Мичел за бисерот на Барселона: Прави разлика, може да го достигне нивото на Меси
-
Лига на шампионипред 9 часа
Џирона пред историскиот настап во ЛШ: Бојан е подготвен (ФОТО)