Поврзете се со нас

Балкан

„Златната копачка“ заврши во рацете на Тричковски (ФОТО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Иван Тричковски веќе подолго време игра на Кипар во дресот на АЕК Ларнака каде е еден од најдобрите играчи и секако капитен, лидер на екипата.

Без него АЕК не е ист тим, неговите голови прават разлика, а токму неговите 20 погодоци од минатата сезона му ја донесоа наградата за најдобар стрелец во шампионатот.

Тој на свечена цереминија организарана од Кипарската спортска асоцијација ја доби „Златната копачка“ како признание за голгетерескиот учинок што го имаше во претходниот шампионат.

Воедно популарниот Тричко се најде и во идеалната единаесетка на сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни