Поврзете се со нас

Италија

Златан во свој стил: Да имав 20 години…

Објавено

на

blank

Ветеранот Златан Ибрахимовиќ беше човек на одлука на вечерашниот натпревар на Милан против Болоња, натпревар на кој даде два гола и со тоа овозможи славје на „црвено-црните“ од 2-0.

Ибрахимовиќ човек на одлука, Милан сигурно ја отвори сезоната во Серија А (ВИДЕО)

Ова за Ибра беше првпат на едно отварање на сезоната во Серија А да даде два гола, па по дуелот на „Сан Сиро“ имаше една интересна изјава во негов стил.

-Јас сум во добра форма, работам, ова е втор натпреварувачки натпревар во сезоната. Победивме и можев да постигнам повеќе голови. Ако имав 20 години, ќе постигнев уште два погодоци. Јас не сум стар, јас сум како Бенџамин Батон, почнав стар и ќе умрам млад.

-Шегата настрана, тимот работеше добро, ние не сме на 100 проценти и затоа направивме некои грешки што обично ги избегнуваме, ама сме на добар пат. Целта е да се биде подобар од минатата сезона. Младите играчи работат напорно, слушаат, имаат дисциплина и по последните шест месеци знаат што треба да направат за да бидат добри, да останат концентрирани секој ден.

-Оваа година мора да одиме меч по меч, да играме со самодоверба и да го третираме секој натпревар како Куп финале. Ми се допаѓа да имам одговорност. Најголем притисок е она што си го ставам врз себе. Не сакам луѓето да зборуваат за мојата возраст, сакам да ме третираат на исто ниво со сите други. Не е важно дали имам 38 години, сакам да ме третираат како некој на возраст од 20 години и да ја работам истата работа, -порача Ибрахимовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни