Поврзете се со нас

Италија

Златан веднаш реагирал: Ибрахимовиќ го решил проблемот меѓу Консеисао и Калабрија

Објавено

на

foto: x.com/Ibra_official

Милан на драматичен начин со два гола во судиското продолжние успеа да извлече победа во соочувањето со Парма во Калчо лигата, но сето ова падна во сенка на инцидентот кој по последниот судиски свиреж го изрешираа тренерот Серџо Консеисао и Давиде Калабрија.

Консенисао почна да трча по капитенот, му се нафрли и ако не беа најблиските соработници ќе имаше поголем инцидент. Двајцата по натпреварот излегоа со изјави за тоа што се случи за да сега медиумите излезат со информација дека Златан Ибрахимовиќ бил тој кој експресно реагирал и го решил овој неочекуван проблем.

„Скај Спорт Италија“ пренесува дека Ибра веднаш се упатил во соблекувалната по мечот, седнал и разговарал со двајцата и потоа му наредил на Калабрија прв да се обрати пред медиумите.

Калабрија за инцидентот со тренерот Консеисао: Ова е вообичаено во фудбалот…

Ибра разговарал сам со Консеисао некои 30 минути во соблакувалната што е и причината за тоа што стратегот подоцна се појавил на пресконференцијата.

Останува да се види што ова ќе значи за иднината на Калабрија кој и така има договор до крајот на сезонава и имаше информации дека нема да му биде понудена продолжување на соработката.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни