Поврзете се со нас

Италија

Златан-шоу на Санремо: Ибра се појави на сцената со балкански хит и го истрола Ливерпул (Видео)

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ понуди уникатно телевизиско шоу како вип гостин на овогодинешното издание на музичкиот фестивал Санремо, кој за првпат во историјата се одржува без публика во „Театро Аристон Санремо“ поради ситуацијата која ја предизвика коронавирусот.

Сепак, искрените љубители на овој фестивал имаа што да видат од пред ТВ приемниците, бидејќи ѕвездата на Милан како главен гостин издоминира за сите пари, прикажувајќи го својот сарказам на најдобар можен начин, непосредно откако се појави на сцената.

Златан прво му фати сеир на презентерот Амедеус од кого лично беше поканет за 71-то издание на овој познат фестивал, но потоа во свој стил го истрола и Ливерпул кој се соочува со огромни проблеми во одбраната од стартот на сезоната.

– Најпрво, чест е за мене што сум тука на оваа сцена, но чест е и за тебе што ме имаш тука, – му порача Ибра на Амадеус.

– Обично се чувствувам големо и моќно, но тука изгледам помал на ваков фестивал. Сепак, поголем и помоќен сум од тебе сигурно.

– Во мојот фестивал ќе имаа 22 пејачи, а не 26 како што имате вие тука. 22 пејачи, по 11 во секој тим. 11 против 11. Бидејќи вие имате 26, продадете четири пејачи, слушнав дека на Ливерпул му требаат дефанзивци. Ако не сакаат, ставете ги во градината и јас ќе им најдам работа. Втора работа, оваа сцена е премала, направена е за мали луѓе како тебе (обраќајќи му се на Амадеус). Мене ми е потребна сцена од 105 метри должина и 68 метри ширина, исто како теренот на „Сан Сиро“. И покрај се, немој да се грижиш, се додека е Златан тука, се ќе биде во ред. Фестивалот на Златан трае 90 минути, плус продолжение. Јас сум најдобар на оваа сцена, не само вечерва, туку секогаш, – гласеше комплетниот вовед на Ибра кој стана вистински хит во Италија.

Инаку, Златан на сцената беше пречекан со стар хит на Нада Топчагиќ (јутро је), пејачката која самиот тој и ја откри на италијанската јавност пред извесно време.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни