Златан шоу: Ибрахимовиќ со генијална асистенција и погодок за победа на Галакси (Видео)

Ibra-galaksi1

Златан Ибрахимовиќ беше инспиратор на победата на Л.А Галакси на гостувањето во Филаделфија во натпревар од МЛС.

Домаќините први постигнаа гол и водеа на полувреме со 1:0, но на почетокот на вториот дел на сцена стапи Ибрахимовиќ. Најпрвин испрати генијална асистенција до својот соиграч Камара кој израмни, а во 63. минута и самиот постигна убав погодок за целосен пресврт на гостите од Лос Анџелес.

До крајот, Сијани ги постави конечните 1:3 за важна победа на Галакси, а Ибрахимовиќ повторно беше најдобар поединец на натпреварот.

Facebook Коментари