Поврзете се со нас

Италија

Златан покажа како изгледа гладен лав после уловот и нагласи: Малку сум разочаран, но најважна е победата! (Фото)

Објавено

на

blank

Златан Ибрахимовиќ на свои 39 години го понесе епитетот на херој во големото миланско дерби кое се одигра на „Сан Сиро“, кое практично самиот го реши со својот блесок во почетната фаза на натпреварот.

После пауза од четири години, Милан го победи Интер во една градска дерби пресметка во Серија А, пред се благодарение на двата гола кои ги постигна искусниот Швеѓанец во краток временски интервал.

Учинокот на 39-годишниот Златан е навистина импресивен, уште повеќе ако се знае дека го одигра ова дерби само неколку дена откако ги надмина проблемите со коронавирусот. Првично се велеше дека Ибра не е подготвен да го одигра цел меч, но тој ги одигра сите 95 минути и покрај тоа што во финишот барал замена од тренерот Пиоли.

Предводникот на Милан откри дека го игнорирал својот напаѓач во завршницата, кој по средбата нагласи дека ниту една сила не може да го спречи да игра во дербито кое заврши 2:1.

– Милан немаше победено на дербито четири години, јас бев заглавен дома две седмици, но бев многу гладен и го покажав тоа денеска. Го загубив чувството за вкус, но правев тестови секои три дена и никој не можеше да ме спречи да играм на дербито. Малку сум разочаран што првично не го реализирав пеналот и што дадов гол од одбиената топка, но најважно е што тимот победи. Јас сум највозрасен во овој тим, чувствувам огромна одговорност и го сакам тоа чувство. Соиграчите ја следат мојата глад и стануваат се погладни за победи, – изјави Ибра кој не исклучува Милан да се бори за Скудетото.

– Одиме меч по меч, претпазливо. Кога пристигнав, главна цел беше да се пласираме во Европа и го направивме тоа. Скудетото останува можност за нас, ако верувате во тоа, на крајот може и да го остварите. Верувам во Скудетото, но треба да изодиме уште голем пат, – изјави Ибра за „Скај Италија“ по перфектниот учинок на Милан по четири одиграни кола.

Наспроти ваквата изјава, кога е во прашање Златан вреди да се издвои и неговата објава на социјалните мрежи, на која покажа како изгледа гладен лав после ловот кој го имал.

View this post on Instagram

Fame

A post shared by Zlatan Ibrahimović (@iamzlatanibrahimovic) on

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни