Златан му одговори на Шванјштајгер со гол за одлука на дербито во МЛС лигата (Видео)

ibra-svajni

Бастијан Швајнштајгер го „пецна“ Златан Ибрахимовиќ откако напаѓачот го комплетираше трансферот во ЛА Галакси, порачувајќи му дека редно време е да прекине да го следи со потезите во фудбалска кариера.

Германецот не пропушти да се насмее со својот соиграч од Манчестер Јунајтед, но наспроти пријателството, изминатава ноќ беа витински противници на теренот во дербито меѓу Чикаго и Галакси. Златан се воздржа на прозивката на социјалните мрежи и не му одговори на Бастијан за шегата, но затоа тоа го направи вчера на теренот добивајќи го директниот дуел со соиграчот од „Олд Трафорд“.

Ибрахимовиќ го постигна единствениот гол во победата од 0:1 на Галакси, а истиот дојде по еден центаршут на уште една фудбалска легенда, Ешли Кол.

Facebook Коментари