Поврзете се со нас

Италија

Златан го реши дербито, па му држеше и лекции на Круниќ на босански јазик по крајот на мечот (Видео)

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ беше човек на одлука во саботното дерби кое се одигра на „Сан Сиро“, на кое Милан после пауза од четири години успеа да го победи Интер во Серија А.

Искусниот Швеѓанец набрзина постигна два гола во период од 13 минути и му зададе тежок предизвик на тимот кој го предводи Антонио Конте, кој на крајот сепак не беше совладан со оглед на тоа што „нераѕурите“ постигнаа само еден гол во продолжение.

Блесокот на Ибра се покажа како клучен и 39-годишниот голгетер сосема заслужено го понесе епитетот на херој во дербито, по кое всушност Златан му одржал и мала лекција на својот колега во нападот, Раде Круниќ.

Босанецот ја имаше најдобрата шанса во вториот дел за да стави точка на дербито, ситуација за која Ибра смета дека требал да падне на земја и да изнуди нов пенал.

Додека се поздравуваа сите играчи на Милан за првата дерби победа после подолга пауза, на крајот од видеото се слуша конверзацијата меѓу Ибра и Круниќ на босански, јазик кој Златан добро го владее со оглед на тоа што има корени од оваа земја.

– Падни доле, падни доле, – му порачува Ибра на Круниќ, по што овој му возврати.

– Сакав да паднам брате…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни