Поврзете се со нас

Италија

Златан доби сатирична „награда“, па се огласи за иднината на Консеисао (Фото)

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ имаше доста обврски пред медиумите по синоќешната разочарувачка елиминација на Милан во Лигата на шампионите, но денеска морал да го трпи и сериот од добро познатото шоу „Striscia La Notizia“.

Сатиричната емисија му додели „Златен тапир“ на Златан Ибрахимовиќ и го означи за најразочарана славна личност во јавноста, па откако директорот на Милан ја прими наградата, призна дека истата е сосема заслужена.

– Бевме целосно разочарани и бесни по вчерашниот натпревар, па затоа оваа награда е целосно заслужена и затоа ја прифаќам.

– Исклучувањето на Тео не беше позитивен момент, ни недостасуваше искуство и зрелост. Сега целта е да останеме екипирани и да се насочиме на Серија А и Копа Италија, – изјави Ибра, кој се огласи и за идината на Консеисао.

– Тој работи добро и работите се променија на подобро откако пристигна. Се уште не сме на 100 проценти од можностите, но се подобруваме. Имаме целосна доверба во него и неговата работа, – изјави Златан.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни