Златан даде легендарен одговор на прашањето како успеал да се врати толку порано на фудбалските терени (Видео)

ibra-zeva

Златан Ибрахимовиќ многу порано од очекувањата се врати на фудбалските терени од почетните прогнози (после Нова година) и уште еднаш докажа дека станува збор за неверојатно добро физички подготвен фудбалер, а бидејќи начинот на кој стапна на „Олд Трафорд“ и имаше еден сензационален акробатски обид брзо стана хит на Островот, англиските новинари побрзаа за да добијат прва изјава од Швеѓанецот.

Корпулентниот напаѓач во друштво на вториот повратник Погба се најдоа во импровизираното студио на „Би-Ти Спорт“ во микс-зоната, а секако во прв план се најде Швеѓанецот кој не пропушти шанса да даде уште една од неговите препознатливи и урнебесни изјави.

– Чувството е специјално. Различен ден, ист квалитет. Не сум загрижен, воопшто не сум загрижен бидејќи знам што правам, тренирам напорно, се жртвувам. Мојата глава ми вели дека треба да играм, а јас само се обидувам да го следам тоа, – изјави Ибра кој на прашањето како успеал да се врати многу порано на терените даде легендарен одговор.

Помисли ли во еден момент дека нема да се вратиш толку брзо?, – гласеше прашањето на новинарот, а потоа Ибра одговори.

– Не, лавовите не заздравуваат како луѓето, им треба помалку време, – гласи одговорот на Ибра кој успеа да го изнасмее новинарот, но и Погба кој имаше интересна реакција.

Facebook Коментари