Зизу уште еднаш проговори за ситуацијата на Герет Бејл: Може да мислите што сакате…

zizu-audi

Медиумите во Шпанија редовно пренесуваат дека односот помеѓу тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан и Герет Бејл не е на високо ниво.

Постојано се пишува дека Бејл ќе си замине од клубот, а минатото лето играчот беше блиску до преселба во кинески тим, меѓутоа работата се изјалови во последен момент.

Многумина очекуваа дека Зидан нема да му дава шанса на Велшанецот, меѓутоа тоа не беше така. За жал на Бејл, тој се повреди на последниот натпревар од Купот на Кралот, па ќе отсуствува одреден период.

– Секогаш сум ги бранел своите играчи. Тие работат напорно секој ден за да го бранат грбот на овој клуб. Се надевам дека Бејл ќе одигра уште многу натпревари. Кога ќе заздрави, го сакам на теренот. Секако дека не е среќен зошто не може да тренира и игра. Вие мислете што сакате, јас постојано зборувам со него и знам што сака, а тоа е да игра, -изјави Зидан.

Facebook Коментари