Зизу направи хаос на „Сантијаго Бернабеу“: Реал имаше 12 играчи на теренот, судијата мораше да интервенира (Видео)

zidane-betis

Реал Мадрид го доживеа првиот пораз во новата сезона на синоќешниот меч со Реал Бетис, а покрај многуте пропуштени шанси и шокантниот погодок кој пристигна во 93-та минута, Зидан со една своја реакција предизвика и вистински хаос на теренот кој го збуни и судијата Лахоз.

Францускиот стручњак во 72-та минута направи двојна измена истовремено, но до конфузија дојде откако Борха Мајорал и Лукас Васкез влегоа на теренот, а притоа истиот го напушти само повредениот Марсело. Реал во овој момент беше со 12 играчи на теренот, а бидејќи му падна чудно на главниот судија, побара од Зизу да извади еден играч од игра. Во ситуацијата, предвидената замена беше Лука Модриќ, а откако Хрватот ја напушти играта, натпреварот можеше да продолжи по оваа крајно необична ситуација.

Facebook Коментари