Англија
Зиркзе застана во одбрана на Онана: Тоа е смешно…

Андре Онана имаше уште еден неубедлив настап за Манчестер Јунајтед, овојпат против Олимпик Лион во четвртфиналето на Лига Европа.
Камерунецот не се прослави во ремито во Франција (2:2) и беше еден од најслабо оценетите играчи на Јунајтед на оваа пресметка. Со овој настап дојдоа и нови критики на негова адреса, а последните вести се и дека менаџерот Рубен Аморим размислува да го седне на клупа и да му даде шанса на Алтај Бајиндир на мечот со Њукасл во Премиер лигата.
Во одбрана на Онана застана соиграчот Џошуа Зиркзе кој смета дека е смешно да се обвинува голманот за тоа што не славеле во Лион.
-Сто проценти. Ние сме еден тим, така што нема да издвоиме некого поради грешки. Тоа е смешно. Да се ремизира на овој начин е секогаш малку, не сакам да кажам фрустрирачки, но боли. Но, ние само треба да се фокусираме на следниот натпревар, а тоа е Њукасл на гости.
-И тогаш сите знаеме што треба да направиме кога следната недела повторно ќе се соочиме со Лион. Мора да победиме, тоа сите го знаеме. Нема начин да се заобиколи тоа. Тоа е единственото нешто што треба да го направиме… Нема да биде лесно, но сите сакаме да победиме, мора да победиме, па ќе видиме, -порача Холанѓанецот.
-
Шпанија11 часа
Барселона испрати 40 удари на „Монжуик“ и со доста мака го урна „ѕидот“ наречен Лео Роман (Видео)
-
НБА23 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
Македонија17 часа
Одборот на судии: Силекс израмнил од офсајд, Воска направи преседан против Вардар!
-
Шпанија15 часа
Кафу го одобри најавениот трансфер на Реал: И за мене велеа дека не сум добар во дефанзива…..
-
Македонија22 часа
Ќе биде жешко во Битола: Пелистер ги распродаде билетите за дербито со Вардар
-
Лига на шампиони19 часа
Фиго за битката меѓу Барселона и Интер во ЛШ: Секој што мисли…
-
Англија21 час
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Италија13 часа
Серија А направи хаос со распоредот поради погребот на Папата, Инѕаги сигурно нема да биде воодушевен (Фото)