Англија
Зијеш постигна гол, па имаше фудбалско недоразбирање со Лукаку на теренот (Видео)

Челси е се подалеку од титулата во Премиер лигата, а тоа стана јасно оваа вечер откако тимот на Томас Тухел забележа нов кикс во обидот да ја намали предност во однос на лидерот Манчестер Сити.
Гостите од Лондон добро отворија на гостувањето кај Брајтон, но голот на Хаким Зијеш сепак се покажа како недоволен за победа и освојување на цел плен.
Челси уште еднаш не оствари победа на натпревар на кој прв поведе, а тоа сигурно посебно ќе го фрустрира Тухел кој веќе неколку пати наврати дека неговиот тим претерано се опушта откако ќе стекне предност на семафорот. И покрај водството во првиот дел, мора да се признае дека Челси имаше доста скромни први 45 минути, по кои незадоволството јавно го искажаа Зијеш и Лукаку.
Двајцата имаа свои спротивставени мислења и имаа што да си кажат еден на друг пред да заминат кон соблекувалната, а интересно, и двајцата беа повлечени од Тухел во вториот дел.
Пред да се случи тоа, Брајтон израмни со голот на Вебстер по еден корнер, па на крајот недоволен беше завршниот налет на „сините“ од Лондон кои одново мораа да се задоволат само со бод.
Hakim Ziyech and Romelu Lukaku are having a difference of opinions heading into the break, despite the Blues' lead… 👀
HT: Brighton 0-1 Chelsea pic.twitter.com/P3mGXTg9bp
— Football on BT Sport (@btsportfootball) January 18, 2022
-
Македонијапред 18 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Македонијапред 16 часа
Дејвис со оригинален коментар по Куп драмата: Овој тим на Вардар има „кохонес“
-
Германијапред 23 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 21 час
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Италијапред 6 часа
Интер не се откажува од Перишиќ: Ќе ја донесеме најдобрата одлука, сакаме да остане со нас
-
Македонијапред 18 часа
Херојот Талески: Пресуди името Вардар, Пелистер нема играч кој презема одговорност!
-
НБАпред 7 часа
Доктор Дончиќ и Далас го прегазија Феникс во мајсторката, Бостон му пресуди на шампионот (ВИДЕО)
-
Италијапред 7 часа
Објаснување за нереалниот погодок: Тео обелодени што помислил кога ја прими топката на 80 метри од голот (Видео)