Зијеш со чуден коментар одговори на шпекулациите кои го поврзуваа со трансфер: Ова е куклена претстава..

Lasse Schone

Мароканскиот интернационалец од редовите на Ајакс, Хаким Зијеш го коментираше неговото наводно заминување од клубот во јануарскиот преоден рок.

За играчот има интерес од многу европски клубови, но како што стојат работите тој ќе остане во холандскиот клуб најмалку до крајот на оваа сезона.

На шпекулациите кои го поврзуваа со заминување од Ајакс, 26 годишниот фудбалер даде навистина чудна и неочекувана изјава.

– Многу матни ликови се вртат по фудбалските терени. Поради тоа постојат многу малку луѓе на кои им верувам. Ова е голема куклена претстава и секој ден е се полошо, -изјави Зијеш алудирајќи дека има потполна доверба во луѓето од Ајакс.

Facebook Коментари