Поврзете се со нас

Италија

Зиелински за понудата која ја одбил: Добриот живот ми е поважен од парите

Објавено

на

Foto:x.com/Inter

Пјотр Зиелински беше капитен на Наполи и мина осум години под Везув, но последните неколку месеци беше изоставен од тимот по барање на Аурелио Де Лаурентис.

Причина за тоа беше договорениот трансфер во Интер, потег кој се покажа како доста болен за Наполи, но од друга страна извонреден за клубот од Милано.

Интер не плати ниту едно евро за квалитетниот играч за врска и доби големо засилување во средниот ред, а Зиелински открива дека ја дочекал понудата од италијанскиот првак откако претходно одбил многу пари од Саудиска Арабија.

– Имав многу опции, имав понуди на маса. Имаше клубови кои ме сакаа уште во јануари, но приоритет му дадов на квалитетот кој го поседува Интер. Го избрав Интер без размислување и без двоумење. Начинот на кој игра тимот под водство на Инѕаги и квалитетот кој го имаат играчите беа пресудни за мене.

– Саудиска Арабија? Точно е дека дојдоа по мене, размислував ден или два, но потоа со семејството одлучивме да останеме во Неапол. Многу пари беа на маса, но мене поважен ми е добриот живот, – вели Зиелински.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни