Поврзете се со нас

Лига на нации

Зиелински за критиките за потегот со Роналдо: Што треба да правам? Да се кријам…(ВИДЕО)

Објавено

на

Полска претрпе убедлив пораз од Португалија од 5-1 во рамките на Лигата на нации и тоа во средба во која Полјаците добро стоеја на теренот по 60 минути игра, поточно имаа поволен резултат (0-0).

Меѓутоа завршните 30 минути беа катастрофални, се примија многу голови за кратко време и тоа донесе доста критики за играчите, селекторот. Потоа се појави и видео во кое двајца полски репрезентативци Никола Залевски и Пјотр Зиелински чекаат ред за фотографија со Кристијано Роналдо по натпреварот, се смеат и тоа донесе дополнителни коментари од кои најгласни беа на некогашниот ас на оваа земја Јацек Бак.

Две ѕвезди од Серија А чекаа на ред за слика со Кристијано како обични фанови (Видео)

Овие зборови допреа до Зиелински кој даде одговор за целата ситуација.

-Јас и Никола му пријдовме, побаравме фотографија и ја направивме. Ниту Кристијано, ниту ние немавме проблем со тоа, тоа е се. Не ме интересира што се случува на социјалните мрежи. За мене Кристијано Роналдо е еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот. Имав желба да се сликам и го направив тоа. Тоа е тоа. Зошто е непристојно?

-Го загубивме натпреварот, но што да правам? Да се кријам во некој агол? Отидов кај него и го прашав за слика и тоа е тоа. Тоа е она што се чувствував како да го правам. Тој (Бак) има право да има свое мислење. Но, мислам дека немаше ништо лошо во тоа, -порача членот на Интер кој во отсуство на Левандовски е најважниот полски играч.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни