Зидан заминал од Реал поради Бејл

Шпанските медиуми се уште не го забораваат заминувањето на Зинедин Зидан од Реал Мадрид, а сега „Ел Паис“ излезе со своја верзија за причините за овој неочекуван потег.

Според овој медиум, причината бил Герет Бејл, односно одбивањето на Флорентино Перез да го продаде Велшанецот, нешто што било сугестија токму од Зидан. Французинот сакал клубот да се ослободи од Бејл, а потоа да ангажира некој од типот на Салах, Азар или Кејн, а Перез првично се согласил, но подоцна ја променил одлуката.

Перез се премислил по двата гола кои Бејл ги постигна во финалето против Ливерпул, а откако му ја соопштил веста на Зидан, тренерот решил дека е време за разделба и нови предизвици.

Facebook Коментари