Поврзете се со нас

Свет

Зидан за својот следен чекор како тренер: Имам една недовршена работа

Објавено

на

Зинедин Зидан денеска полни точно 50 години и влегува во шестата деценија од животот, а по тој повод, „Лекип“ утрово го објави ексклузивното интервју направено со Французинот кое денеска е објавено и во печатеното издание.

Зизу е подготвен да се врати на клупата како тренер и ја чека вистинската понуда, но иако неодамна отрфрли премин во редовите на ПСЖ, сепак не исклучува можност да ги води „светците“ во блиска или подалечна иднина.

– Никогаш не вели никогаш, поготово во ситуација кога сте тренер. Ког абев играч, можев да бирам, но сега како тренер, нема 50 клубови кои ве бараат во исто време. Има две или три опции. Ако се вратам во клуб, ќе го направам тоа за да победувам, го велам ова со сета моја скромност. Затоа нема да одам било каде, сакам сериозен проект, – вели Зидан.

– Се уште сакам да бидам тренер и да продолжам да тренирам, а посоле тоа, зошто да не бидам директор и да бидам лидер на еден целосен проект.

– Од оваа гледна точка, сметам дека имам една незавршена работа со француската репрезентација. Сакам да ја водам националната селекција и се надевам дека тоа ќе се случи еден ден. Не зависи од мене кога ќе се случи тоа, но сакам да затворам еден циклус, бидејќи не сум ја завршил работата во репрезентацијата. Тоа би значело се за мене. Сите знаат како заврши мојата етапа како играч за Франција и не сакам да се паметам по тоа. Тој ден Матераци ја навреди мојата сестра и ја изгубив главата. Не сум горд на тоа, но тоа е дел од мојот пат. Затоа велам дека мојата работа во Франција е недовршена, – додава Зизу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни