Поврзете се со нас

Шпанија

Зидан за својата чудна одлука на „Аноета“: Немам ништо против Јовиќ, стануваше збор за….

Објавено

на

blank

Реал Сосиедад успеа да го сопре Реал Мадрид на домашен терен и не му дозволи на фаворитот да има победнички старт на сезоната во Примера, откако „кралскиот клуб“ ја започна кампањата од второто коло поради подоцнежните обврски во Европа во месец август.

„Кралевите“ имаа навистина добри почетни 30 минути, но во овој дел од играта не успеја да ги искористат своите шанси, за што можеше да бидат и тоа како казнети во продолжение. Реал Сосиедад успеа да се прибере и беше доста опасен во продолжение, па Тибо Куртоа ја имаше и улогата на херој во неколку наврати.

Конечниот резултат 0:0 на крајот секако повеќе ги задоволи домаќините, а изненадувачки во финишот беше тоа што Зинедин Зидан не им даде шанса на двајцата напаѓачи кои ги имаше на клупата во ситуација кога бркаше победа. Борха Мајорал и Лука Јовиќ останаа на клупата, а шанса добија дебитанти и младинци како Марвин и Арибас.

– Искрено, не сакав да го менувам системот кој го имавме. Можевме да ставиме нов напаѓач, односно уште еден напаѓач, но со тоа ќе го променев системот, а не го сакав тоа на овој меч. Сакав да ги освежам играчите на крилните позиции и тоа го направив. Се се сведува на системот.

– Немам ништо против Јовиќ, има повеќе играчи и јас треба да бирам. Овојпат избрав вака, ќе видиме како ќе биде на следниот меч. Немам ништо против било кој играч. Стануваше збор за системот и не сакав да ризикувам со менување на истиот. Бензема беше добар во нападот, – образложи Зидан.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни