Зидан за првпат посочи кој тренер може да го наследи во Реал

zizu-nasmevka

Зинедин Зидан ја одржа стандардната прес-конференција во пресрет на утрешниот голем меч меѓу Реал Мадрид и ПСЖ во Лигата на шампионите, а на истата покрај тоа што побара од новинарите целиот акцент да го стават на мечот, проговори и за изјавата која ја даде неговиот поранешен соиграч.

Хосе Марија Гути во текот на вчерашниот ден порача дека радо би сакал да го води Реал Мадрид еден ден, а Зидан смета дека легендарниот играч за врска го гледа како стручњак кој одлично би се вклопил во системот кој тој почна да го гради.

– Го гледам Гути како следен тренер на Реал, тој е подготвен за ткаво нешто. Тој се подготвува да го води тимот еден ден и не гледам зошто не би се случи тоа. Самиот кажа дека го сака тоа и јас гледам со добри очи на такво сценарио. Гути е дете на клубот и тоа би било сон за сите, – вели Зидан кој додава дека утре нема што да докажува на мечот со ПСЖ.

– Никогаш не се обидувам да го сменам она што другите го мислат за мене. Јас се обидувам да работам, тоа е мојата страст, се обидувам да го направам најдоброто за тимот. Утре нема што да докажувам никому, мислам само на натпреварт и само тоа ме засега. Не размислувам на тоа што ќе се збори за мене по мечот, размислувам на тоа дека утре ќе бидеме сведоци на еден голем меч, – порачува Зизу.

Facebook Коментари