Зидан за прв пат проговори за отказот на Валверде: Ако и јас…

valverde-zizu

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан неколку денови по отказот на неговиот колега од Барселона, Ернесто Валверде се реши да прозбори во јавноста околу таа тема.

Зидан му даде поддршка на сега веќе поранешниот тренер на Барселона  и истакна дека му е жал што добил отказ од кормилото на неговиот лут ривал.

– Жал ми е за него. Тој е тренер кој го почитувам и кој покажа дека е добар. Тренерите во клубвоите како Барселона и Реал знаат на што се и тоа нема да се промени. Доколку и јас изгубам неколку натпревари веднаш ќе почнат критиките. Секогаш сакаш да го дадеш максимумот и да се надеваш на најдоброто. Жал ми е за Валверде, -изјави Зидан.

Facebook Коментари