Поврзете се со нас

Свет

Зидан за последните гласини од Франција: Денеска сум во Реал Мадрид, но во иднина…..

Објавено

на

Зинедин Зидан денеска го најавуваше дерби мечот со Валенсија кој се игра утре, но не остана рамнодушен на гласините кои дојдоа од неговата родна Франција, односно пораката која ја испрати претседателот на фудбалскиот сојуз на „триколорите“.

Ноел Ло Грае истакна дека би сакал да го види Зизу како селектор на француската фудбалска репрезентација денот кога Дидие Дешамп ќе одлучи дека е време да си оди, најава која секако им привлече внимание на шпанските новинари кои му го поставија ова прашање на херојот на Франција од 1998-ма година.

Со двата гола како ѕвезда во големото финале, Зидан им ја донесе светската титула на „триколорите“ на мундијалот на кој тие беа домаќини, а сега како тренер, не крие дека еден ден би сакал да биде селектор на Франција.

– Мојот однос со претседателот Ло Грае е навистина добар и затоа тој го вели тоа. Се познаваме многу добро од 1998-ма година и имаме навистина пријателски однос.

– Секако дека тоа ќе биде тема на разговор еден ден. Го реков тоа и претходно, уште пред 10 години кога влегов во тренерските води. Тоа е опција која секогаш стои отворена за мене, сакам да бидам селектор на Франција. Сепак, во овој момент сум тука, уживам во Реал Мадрид и размислувам од ден за ден, – изјави Зидан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни