Зидан за наивниот гол кој го прими Реал: Топката требаше да заврши на трибините (Видео)

zidan-vika-valja

Реал Мадрид не успеа да стигне до биланс од шест бода по првите две одиграни кола во Примера, бидејќи оваа вечер на „Сантијаго Бернабеу“ не успеа докрај да го скрши отпорот на Валјадолид.

„Кралевите“ долго се обидуваа да пронајдат пат до голот на гостите, но кога го направија тоа преку Карим Бензема во 82-та минута, исто толку лесно им дозволија на гостите да се вратат во игра на две минути пред крајот. Францускиот напаѓач со минијатура го доведе Реал во водство, но домашниот тим во 88-та минута лесно загуби една топка на средината, по што пристигна акција за гол на Серхи Гвардиола.

Токму оваа акција посебно го налути Зидан, кој иако не го опомена директно Тони Крос кој ја загуби топката, сепак нагласи дека истата требала да заврши на трибините, а не во нозете на играчите на Валјадолид.

– Навистина вкусот е горлчив, особено откако го направивме најтешкото, а тоа беше да постигнеме гол. За жал, тоа не се покажа како доволно. Не смееше да примиш гол откако цели 80 минути си се обидувал да направиш такво нешто. Првото полувреме ни беше добро, но не постигнавме гол. Не сум лут поради загубената топка, тоа може да се случи. Но во дадената ситуација бевме неорганизирани, бевме надвор од нашите места. Искрено, топката требаше да заврши на трибините. Треба да се научиме да играме до крај, – истакна Зидан.

Facebook Коментари