Поврзете се со нас

Франција

Зидан за можната преселба на Мбапе во Реал: Реалноста е…

Објавено

на

Foto:instagram.com/zidane

Зинедин Зидан во 2021 година го заврши вториот мандат на клупата на Реал Мадрид и од тој момент е без никаков тренерски ангажман иако неговото име се споменуваше, поврзуваше со повеќе клубови и репрезентации.

Популарниот Зизу се уште е на „одмор“ и ретко се појавува во јавноста, поточно е присутен кога има нешто актуелно, поточно кога има нешто да каже и порача.

Еден од темите која некако постојано е жешка и за која се говори како сега така и во изминативе сезони, години е Килијан Мбапе и можната преселба во Реал Мадрид. Напаѓачот постојано го селат во шпанската престолнина, ама тоа никако да се реализира со тоа што многумина сметаат дека токму оваа 2024 ќе имаме конечно завршница на оваа приказна.

Меѓутоа официјално ништо нема, па и коментарот на Зидан е во тој правец.

-Многу се зборува за тоа, многу приказни и гласини, но реалноста е дека сè уште не знаеме што ќе се случи. Ќе видиме што ќе се случи, -истакнал легендарниот француски ас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни