Поврзете се со нас

Шпанија

Зидан за двете големи „засилувања“ до крајот на сезоната: Навистина сум среќен за нив, но има и една лоша вест

Објавено

на

Кике Сетиен јасно нагласи дека новото правило со пет измени ќе им биде од корист на послабите тимови, изјава која и натаму е доста актуелна во Шпанија по официјалниот рестарт на сезоната.

Барселона вечерва го игра својот дуел со Мајорка, додека Реал Мадрид утре ќе игра против Еибар на домашен терен, што во дадената ситуација ќе биде главниот терен во тренинг центарот.

Реал до крајот на сезоната ќе игра на „Ди Стефано“ поради реконструкцијата на „Сантијаго Бернабеу“, а Зидан потенцира дека играчите ќе мора да се навикнат на новите услови и не смеат да бараат никакви изговори.

– Не размислувам на петте замени. Ова се различни правила и мора да се адаптираме. Сега има пет замени, ако кажеа седум, ќе беа седум. Мора да се адаптираме. Доживеавме чуден момент и мора да се адаптираме, подготвени сме за се. Нема никакви изговори, тоа го оставаме за вас новинарите, – порача Зизу.

Тренерот на Реал истакна дека е презадоволен од тоа што ќе може да смета на Еден Азар и Марко Асенсио, додека даде коментар и за малерозниот Јовиќ кој тешко дека ќе заигра до крајот на сезоната.

– Добар вест е што двајцата се подготвуваа како останатите. Асенсио тренираше нормално, исто така и Еден Азар. Ќе можеме да сметаме на нив и тоа е навистина добра вест за нас. Навистина сум среќен за двајцата, лоша вест е онаа на Јовиќ. Се повреди дома и ќе мора да одмора долго време. Не знам колку точно ќе го нема, но тоа е лоша вест, ќе видиме дали ќе се врати до крајот на сезоната, – изјави Зидан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни