Зидан за Азар: Нема да има потреба од операција, најважно е…

zidan

Екипата на Реал Мадрид веќе одредено време е без Еден Азар кој е повреден поради повреда на зглобот со тоа што се уште не се знае официјално кога ќе се врати на теренот.

Се појавија одредени информации дека можеби ќе му биде потребна и операција за да го санира проблемот, но според тренерот Зинедин Зидан тоа нема да биде неопходно, односно побара трпение.

-Мислам дека не, ама и не знам точно. Тоа што можам да кажам е дека повредата е под контрола. Се зборуваше прво за една недела, па две недели, ама сега најважно е да бидеме трпеливи. Се надевам брзо ќе се врати, -истакна Зизу.

Facebook Коментари