Поврзете се со нас

Шпанија

Зидан веќе го има избрано напаѓачкото трио со кое ќе ја напаѓа ранливата одбрана на Сити

Објавено

на

Зинедин Зидан нема да може да смета на својот лидер Серхио Рамос на реванш осминафиналето со Манчестер Сити во Лигата на шампионите, но затоа како контра удар на проблемот во одбраната планира да одговори со ултра офанзивна тактика на „Итихад“.

Угледната „Марка“ ни ги пренесе деталите од последните неколку тренинзи на Реал Мадрид кои се директна подготовка за реваншот во Манчестер, а на кои Зизу исклучително форсира само едно трио во својот напад како најдобро оружје во обидот да се избори за пресврт.

Иако ќе биде многу клучно да не прими гол во Англија, повеќе од јасно е дека Реал ќе мора да брка голови на возвратниот дуел, бидејќи на првиот меч на домашен терен загуби со 1:2.

Капитенот Рамос нема да настапи на претстојниот дуел во петок поради црвениот картон кој го заработи во завршницата во Мадрид, а иако природна негова замена во стартната постава треба да биде Милитао, многу повеќе внимание привлекуваат потезите на Зидан кога е во прашање офанзивната линија.

Како што тврди „Марка“, Зидан работи со само едно трио со кое планира да ја нападне ранливата одбрана на Манчестер Сити, а тоа е предводено од Бензема, Азар и Асенсио.

Карим цела сезона игра на врвно ниво и е неприкосновен во нападот на Французинот, додека натпреварот во Манчестер треба да претставува голема шанса за Еден Азар и Марко Асенсио кои сега се максимално подготвени за игра откако ги залечија непријатните повреди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни