Зидан уморен од критиките за Реал: Лесно е да се каже дека се е лошо…

zidan

Реал Мадрид не игра на посакуваното ниво во оваа натпреварувачка сезона, има 16 бода минус во однос на Барселона во Примера, додека пак во Копа Дел Реј се пласираше во четвртфиналето иако не импресионираше против второлигашот Нуманија кого не го победи пред своите гледачи (2-2).

Меѓутоа тренерот Зинедин Зидан е уморен од критиките на адреса на неговата екипа и на денешниот прес пред мечот со Вилјареал порача:

-Уморен сум да слушам дека Реал е лош, лесно е да се каже дека сè е лошо, но знаете не е сè негативно. Одлично е да се зборува негативно за Реал зошто тоа подобро се продава, -рече Зизу и додаде:

– Она што треба да го направиме е да не го слушаме тоа што го велат. Сите што зборат негативно не се во право, јас не гледам на тој начин. Ситуацијата е таква каква што е и ние мораме да гледаме на позитивното. Ние се уште сме во игра во сите натпреварувања, -истакна стратегот на тимот од Мадрид.

Facebook Коментари