Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Зидан убеден дека клучниот играч на тимот ќе остане и покрај најавите дека би можел да си оди како слободен агент

Објавено

на

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан видно задоволен по победата над Интер проговори и за шпекулациите поврзани со најдобриот играч на Реал Мадрид во моментов.

Серхио Рамос е во последната година од неговиот договор со „кралскиот клуб“, а одредени шпански медиуми веќе почнаа да шпекулираат дека тој би можел да си оди по крајот на сезоната како слободен агент.

Капитенот и против Интер имаше уште една капитенска претстава која ја зачини со погодок, негов 100ти во дресот на Реал Мадрид, што е рекорд за еден дефанзивец.

Зидан по натпреварот изјави дека тој лично сакал Рамос да остане вечно во клубот и истакна дека тој во секој случај ќе остане во Мадрид.

– Како и секогаш тој беше нашиот капитен, нашиот лидер. Сакаме да остане овде вечно и тоа и ќе се случи затоа што секогаш покажува дека и тој го сака тоа. Не се сомневам дека ќе остане и дека ќе продолжи да создава историја во овој клуб, -изјави Зидан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни