Поврзете се со нас

Шпанија

Зидан соопшти одлична вест за Реал, па му одговори на незадоволниот Иско: Знам што се случува со него

Објавено

на

blank

Реал Мадрид вечерва и гостува на Борусија Менхегладбах во Лигата на шампионите, натпревар на кој тимот на Зинедин Зидан ќе има императив за победа исто како што беше случајот и на „Ел Класико“ пред неколку дена.

По шокантниот пораз од Шахтјор Доњецк на домашен терен, „кралевите“ едноставно не можат да си дозволат нов неуспех во Германија, бидејќи така значително би ги компромитирале своите шанси за пласман во нокаут рундата во најелитното европско натпреварување.

Зинедин Зидан на прес-конференцијата нагласи дека верува во својот тим исто како што веруваше и после двата порази од Кадиз и Шахтјор, со тоа што напомена дека во Германија ќе отпатува и Еден Азар кој одново отсуствуваше неколку седмици поради повреда.

– Азар е со нас, а тоа значи дека е добро и подготвен за игра. Ова е одлична вест, сите сме среќни што го гледаме заедно со нас. Ќе видиме дали ќе го искористиме и како ќе го искористиме на натпреварот. Враќањето на Азар е многу позитивна вест за нас, – изјави Зидан, кој во продолжение го искоментира и однесувањето на Иско Аларкон, кој за време на „Ел Класико“ беше „уловен“ како се жали за минутажата која ја добива од тренерот.

– Знам што се случува со Иско, тука нема тајни. Иско сака да игра повеќе, како и сите играчи и тоа за мене е позитивно. Не гледам негативно на неговите зборови, сите играчи секогаш сакаат да играат, но тоа не зависи од нив. Тие треба да бидат подготвени за игра секогаш, но тоа не значи дека секогаш ќе играат, во овој тим секогаш било така. Сите играчи се одлично подготвени, а крајната одлука паѓа на мене, јас одлучувам кој ќе игра во стартната постава и тоа не може да се промени, – нагласи Зизу.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни