Поврзете се со нас

Шпанија

Зидан со неочекуван коментар за незаборавната комбинација со Роналдо: Тоа не беше добра акција (Видео)

Објавено

на

Зинедин Зидан одново ќе има доста проблеми при составување на тимот и повторно повика младинци од вториот тим, но во пресрет на дуелот со Валјадолид, еден од новинарите го потсети на една негова незаборавна акција против овој тим од пред 15-тина години.

Легендарниот Зизу во сезоната 2003-04 изрежира спектакуларна акција во шеснаесетникот и го испорача својот препознатлив „рулет“ кој беше своевиден „трејдмарк“ за Французинот, но сепак последниот негов потег не беше доволно добар и ја испрати топката над голот.

Новинарот го потсети на вонсериската акција од која беа дел и Гути и Роналдо Назарио, но изненадувачки, Зизу изјави дека таа акција на крајот не била добра, од едноставна причина што не постигнал гол.

– Поради фактот што на крајот не постигнав гол, значи дека тоа не е добра акција. Тоа беше убава акција, но на крајот требаше да постигнам гол.

– Да, ти се сеќаваш на таа акција, но не знам колку други се сеќаваат како тебе бидејќи на крајот не постигнав гол, – со насмевка изјави Зидан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни