Поврзете се со нас

Шпанија

Зидан со „крпен“ состав во градското дерби: Има на располагање само 13 играчи за 10 позиции на теренот (Фото)

Објавено

на

Реал Мадрид утре го продолжува својот маратон од натпревари во краток временски интервал, но акумулираниот замор и жестоките битки против Ливерпул и Барселона донесоа уште една неповолна вест за Зинедин Зидан.

Левиот бек Менди не стои на располагање за утрешното мало мадридско дерби против Хетафе, а со оглед на тоа што од претходно имаше многу отсутни фудбалери, Зизу се доведе во ситуација да селектира само 16 играчи, од кои тројца се голмани.

Покрај Куртоа, Лунин и Алтубе, фудбалери кои конкурираат за останатите 10 позиции има само 13, а тоа се Милитао, Марсело, Одриозола, Чуст (од школата), Крос, Модриќ, Вавлерде, Иско, Бензема, Асенсио, Винисиус и Родриго.

Ова значи дека Зидан ќе има уште поголеми проблеми да состави добра дефанзивна четворка во дербито против Хетафе на гостински терен, бидејќи покрај Менди, поради санкции ги нема и Начо и Касемиро, што значи дека класичен стопер е само Милитао.

Францускиот стручњак ќе има навистина „крпен“ состав на утрешниот меч, а не се исклучува можноста до крајот на денот да придодаде уште двајца играчи од младинскиот погон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни