Поврзете се со нас

Шпанија

Зидан си ги испофали играчите по вчерашната супер акција по која постигнаа погодок (Видео)

Објавено

на

blank

Екипата на Реал Мадрид на вчерашното гостување кај Еспањол стигна до тешка, но многу значајна победа во трката за титулата во Ла Лига.

„Кралевите“ славеа со минимални 1:0, а голот падна по една прекрасна акција во која најдобриот момент го имаше Карим Бензема кој со пета го проигра Каземиро кој без проблем ја смести топката во мрежата на Диего Лопес.

Фудбалскиот свет во Шпанија беше воодушевен од оваа бравура на францускиот напаѓач, а со коментар за асистенцијата се јави и легендарниот Гути кој своевремено знаеше да дели вакви топки до своите соиграчи.

По натпреварот коментар даде и тренерот на „кралскиот клуб“, Зинедин Зидан кој ги пофали своите играчи за акцијата која му претходеше на погодокот.

– Тоа од Бензема ме изненади, тој е инвентивен фудбалер, а и Каземиро беше на вистинското место. Тоа може да биде една од најубавите акции во цела сезона, -јасен беше Зидан.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни