Поврзете се со нас

Шпанија

Зидан се врати на „Бернабеу“ и прикажа дел од својата фудбалска магија (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Зинедин Зидан денеска се врати на „Сантијаго Бернабеу“ и имаше за задача да ги забавува присутните гледачи на трибините, а со својата класа и елегантно движење, Французинот успеа да го направи тоа.

Зизу има 51 година и чека вистински повик пред да се врати на клупата како тренер, но фановите на Реал денеска имаа шанса одново да видат дел од магијата на легендарниот Французин.

Иако движењата не му се брзи како некогаш, фудбалската класа на Зидан и натаму останува како непресушен извор, па со неколку потези успеа да ги украде аплаузите од преполниот „Бернабеу“.

Повеќе од 70 илјади гледачи го гледаа денешниот пријателски меч во Мадрид кој имаше хуманитарен карактер, а од кој дел беа поранешни ѕвезди како Зизу, Касилјас, Роберто Карлос, Фиго и Раул.

Дел од „Галактико“ тимот на Флорентино Перез се потсети на некои незаборавни времиња од пред 20 години, но интересно е тоа што Порто беше тимот кој оствари победа со резултат 0:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни