Поврзете се со нас

Шпанија

Зидан се смееше по голот кој значеше елиминација, па даде чудна изјава за историското понижување (Видео)

Објавено

на

blank

Ѕвездите на Реал Мадрид самите направија да служат за потсмев во фудбалска Шпанија и во пошироката светска фудаблска јавност, бидејќи изминатава вечер беа шокирани од третолигашот Алкојано кој направи сензација од епски размери на домашниот стадион.

Малиот тим од Валенсија кој се натпреварува во третата шпанска лига се надмина себеси во дуелот против најтрофејниот клуб во Европа, не само поради тоа што го елиминираше Реал Мадрид со резултат 2:1, туку и поради фактот што тоа го направи со играч помалку на теренот. Алкојано израмни на 1:1 на десет минути пред крајот откако Реал претходно не искористи многу шанси за втор гол, а конечната казна следеше во 115-та минута, кога домаќините погодија за 2:1 со играч помалку на теренот.

Фудбалерот Казанова беше херој на вечерта за Алкојано, но огромно внимание предизвика реакцијата на Зидан во ситуација кога Алкојано го постигна голот за историска бламажа на „кралевите“. Иако стануваше збор за иронична насмевка, Зизу доби доста негативни коментари за ваквата своја реакција по вториот гол на Алкојано, а уште повеќе зачуди со изјавата која ја даде по мечот.

– Ова е фудбал, ова не е срам. Игравме против третолигаш, требаше да го добиеме мечот, но на крајот не испадна така. За мене ова не е срам, може да се случи вакво нешто во фудбалот. Вакви работи се случуваат во кариерите на фудбалерите и не е ништо ново. Ја прифаќам одговорност, можам само да кажам дека ќе продолжиме да работиме. Нема да полудуваме по оваа елиминација, мора да останеме цврсто на земја, – изјави Зидан и додаде.

– Дали се плашам за моето место како тренер? После секој пораз, секогаш се зборува за тоа. Ја преземам одговорноста која ја носи функцијата и што треба да се случи, ќе се случи. Јас сум смирен, моите играчи се обидоа да победат, но немаа среќа. Топката не сакаше да влезе во мрежа за втор гол, имавме многу шанси, ако се случеше тоа, мечот ќе беше друг, – додаде Французинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни