Поврзете се со нас

Шпанија

Зидан се погрижи за најнеобичниот тренинг на Реал, уште почудно ќе биде за фановите наредната недела (Видео)

Објавено

на

Реал Мадрид одлучи дека ќе ја доигра сезоната со настапи на тренинг центарот Валдебебас, или поточно на главниот стадион кој го носи името на незаборавниот и легендарен играч „Алфредо Ди Стефано“.

Претседателот Флорентино Перез одлучи дека најдобро решение ќе биде да се забрза реновирањето на „Сантијаго Бернабеу“, па поради тоа, Реал своите домашни натпревари нема да ги игра на големиот стадион кој во оваа кризна ситуација, не може да биде исполнет од илјадници навивачи.

Реал Мадрид следната недела на „Алфредо Ди Стефано“ ќе го пречека Еибар во натпревар од првото коло по рестартот на сезоната, па како најдобра најава за истиот, Зинедин Зидан се одлучи за еден необичен тренинг.

Зизу ја опфати подготовката до најситен детаљ поради тоа што играчите не се навикнати да играат официјални натпревари на стадионот во тренинг центарот, па ги собра истите во точниот термин во кој ќе се одигра мечот со Еибар (19:30), а притоа играчите одиграа и натпревар едни против други носејќи ги официјалните дресови, слика која е неспецифична за тренинзите.

Мора да се каже дека Зидан ги запази сите сценарија за да им ја долови комплетната слика на своите фудбалери, но мора да се каже дека наредната седмица уште почудна ќе биде сликата за фановите, бидејќи никој не е навикнат да ги гледа големите ѕвезди на Реал како играат официјален меч од Примера во Валдебебас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни