Шпанија
Зидан се поблиску до отказ, Французинот има поддршка само од неколку фудбалери

Поразот на Реал Мадрид од Шахтјор во Лигата на шампионите, дополнително ги зголеми шпекулациите за иднината на Зинедин Зидан на клупата на шпанскиот шампион.
Медиумите веќе на големо пишуваат дека Флорентино Перез бара солуции за наследник на Французинот, а неуспехот во Украина направил раздор и меѓу фудбалерите.
Таблоидите шпекулираат дека во соблекувалната има се помалку играчи кои го поддржуваат Зидан, додека останатите или се незадоволни поради својот статус или пак од искуство сметаат дека на тимот му е потребна промена.
На списокот играчи кои му даваат безрезервна поддршка на Зидан се Бензема, Варан, Рамос, Менди, Касемиро и Валверде, додека наводно тренерот сериозно ги влошил односите со Азар, Винисиус, Одегард и Родриго.
Главен кандидат за наследник на Зидан засега е Маурисио Покетино, кој е без ангажман откако беше отпуштен од Тотенхем.

- Германијапред 14 часа
„Скај Германија“ јавува нов момент во врска со Алаба: Ништо не е готово, Захави ќе чека друг тим
- Светпред 13 часа
Уште еден Македонец во 23-кратниот унгарски шампион: Миовски доби сонародник во МТК Будимпешта (ВИДЕО))
- Англијапред 14 часа
Пол Погба јавно се извинил на своите соиграчи од Манчестер Јунајтед
- Шпанијапред 11 час
Меси ја дозна казната од „дисциплинците“ за црвениот картон против Билбао
- Англијапред 17 часа
Карагер сигурен дека еден фудбалер на Ливерпул ќе го загуби првотимскиот статус по лошите изданија
- Италијапред 15 часа
Милан не запира, сега влезе во преговори со Барселона за ангажман на играчот на „каталонците“
- Светски првенствапред 12 часа
Годините се само бројка: Лазаров има 40, ама игра како да има 20 години (ВИДЕО)
- Светски првенствапред 11 час
Митревски: Немаме што да загубиме, не се залетуваме, ама нема и да се предадеме