Поврзете се со нас

Свет

Зидан се наврати 30 години во минатото и потсети на својот прв гол во Франција: Младиот Зизу со коса и „9-ка“ на грбот…. (Видео)

Објавено

на

Зинедин Зидан покажува класа и како фудбалски стручњак, нешто што навикнавме на него во деновите кога беше професионален играч, период од животот во кој со години важеше за еден од најдобрите играчи во светот.

Францускиот фудбалски велемајстор беше вистински виртуоз со топката и како таков ги освои сите најзначајни трофеи во кариерата, не само оние на клупски план, туку и како лидер на францускиот тим со кој ја освои светскта и европската титула.

Навраќајќи се 30 години во минатото, легендарниот Зизу сега се потсети на својот прв гол во Лига 1, или поточно во француската прва фудбалска лига како млад играч на Кан.

Зидан ја стартуваше својата професионална кариера во Кан пред да направи трансфер во Бордо, а токму во жолтиот дрес го постигна првиот гол на 10-ти февруари 1991-ва година во победата од 2:1 над Нант.

По повод одбележувањето на точно 30 години од овој погодок, актуелниот тренер на Реал Мадрид го сподели истиот и ги потсети постарите фудбалски фанови како изгледаше со коса и со „9-ка“ на грбот во тоа време….

 

View this post on Instagram

 

A post shared by zidane (@zidane)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни