Зидан се налути: Почнав да се заморувам, јас гледам работи…

zidane-pres

Зинедин Зидан денеска мораше да се соочи со новинарите и да даде најава за утрешниот меч кој го чека неговиот Реал Мадрид во Лигата на шампионите, но наместо да зборува за Борусија Дортмунд, францускиот стручњак беше принуден да одговара на прашања поврзани за лошата форма на тимот.

По разочарувачкото реми со Атлетик Билбао, Зидан самиот појасни дека главен проблем на неговиот тим е реализацијата, но сепак денеска јасно стави до знаење дека е убеден во тоа дека играчите ќе направат пресврт во целата оваа ситуација. Зизу одлучи да им се обрати и на сите оние кои го критикуваат тимот во последно време и ги потсети да не забораваат што направи истиот овој тим пред извесно време.

– Почнав често да се повторувам при моите обраќања и тоа почна да ме заморува. Вистина е дека треба да постигнуваме повеќе погодоци, но јас сум комплетно смирен. Знам дека порано или подоцна работата ќе се промени. Играта ни е добра, создаваме шанси, а луѓето кои зборуваат од страна воопшто не ме засегаат. Јас гледам работи кои другите не ги гледаат. Луѓето можат да кажуваат секакви мислења, но многу брзо се заборава тоа што го направивме. Ќе се подобриме и на крајот од сезоната ќе го видите резултатот, – им порачал Зизу на новинарите.

Facebook Коментари