Поврзете се со нас

Свет

Зидан сака да соработува со Мбапе: Тој е играч…

Објавено

на

Foto:instagram.com/zidane

Легендарниот Зинедин Зидан веќе подолго време нема никаков тренерски ангажман или поточно од 2021 година кога ја заврши приказната со Реал Мадрид.

Неговото име беше споменувано, поврзувано со клубови, репрезентации, ама ниту една од тие опции не се реализираше. Времето ќе покаже кој ќе биде неговиот следен ангажман, а истиот може да биде поврзан со Килијан Мбапе кого славниот ас сака да го тренира.

-Кога си тренер и има играч како него, секако дека сакаш да го тренираш. Сè може да се случи. Може да се случи еден ден. Тој е играч кој одлично го претставува францускиот дрес. Како и да е, му се восхитувам на тоа што го прави. Прекрасен, силен е, порача Зинедин.

Едната опција за соработка Зидан-Мбапе дефинитивно е француската селекција, другата можност е поврзана со клупски ангажман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни