Зидан проговори за невообичаениот потег со младиот Себалјос

Zidan-Sebaljos

Зинедин Зидан го подготвува својот тим за претстојниот натпревар против Алавес, а на истиот повторно нема да смета на неколку повредени фудбалери.

Французинот на денешната прес-конференција повторно дипломатски одговараше на прашањата за се почесто навестуваното заминување на Герет Бејл, но и за случајот со Дани Себалјос. На гостувањето кај Леганес, Себалјос влезе од клупата за резервни фудбалери, но одигра само 30 секунди, што медиумите го протолкуваа како понижување за 21-годишниот фудбалер.

Зидан сепак постапил џентлменски и денеска потврди дека му се извинил на својот фудбалер.

– Се чувствував лошо поради таа замена, жал ми е и му се извинив на Дани. Не сакам да правам замена за 30 секунди, тој истовремено знае дека нема голема минутажа, но продолжува да работи напорно. Не сум ги заборавил неговите два гола против Алавес, задоволен сум од него и тој мора да продолжи да се бори, – потенцирал тренерот на Реал Мадрид.

Facebook Коментари