Поврзете се со нас

Свет

Зидан призна: Паузата трае предолго

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Зинедин Зидан својата последна тренерска задача ја имаше пред три години кога реши да си замине од Реал Мадрид, па иако во овој долг период беше поврзуван со многу елитни клубови и со француската фудаблска репрезентација, популарниот Зизу се уште не му се вратил на фудбалот.

Зидан последно беше виден за време на големото финале во Лигата на шампионите кога го донесе трофејот за играчите на Реал Мадрид, а ако му успеа да ги избегне медиумите на „Вембли“, Французинот сега се согласи да даде кратка изјава за „Каре“ поврзана за неговата иднина.

Повеќе од јасно е дека Зидан никако не успева да го дочека вистинскиот проект кој ќе ги задоволи неговите апетити, па ако се суди според неговата изјава, полека и тој го губи трпението.

– Иако водењето на еден тим одзема премногу енергија, мора да признам дека паузата која ја имам како тренер трае предолго….

– Тренерскиот живот ме изморува, но веќе почна да ми недостасува. Живеам добро и без ангажман, но размислувам за враќање. Ќе видиме кога ќе дојде време за враќање на клупата, – изјавил Зидан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни