Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Зидан пред повторната средба со Интер и Конте: Ми беше капитен во Јувентус, тој е…

Објавено

на

Натпреварот помеѓу Интер и Реал Мадрид ќе го обележи утрешниот ден од Лигата на шампионите.

Италијанскиот клуб мора да победи доколку сака да остане во игра за позициите кои водат во елиминационата фаза по слабиот почеток на авантурата во Лигата на шампионите со само два бода по првите три кола.

Ни Реал Мадрид не е многу подобар, па и „кралскиот клуб“ не смее да си дозволи губење на поени на „Меаца“ затоа што сериозно би можело да се доведе во прашање нивното учество во најелитното европско натпреварување и на пролет.

Пред средбата со Антонио Конте, Зинедин Зидан имаше само пофални зборови за тренерот на Интер кој едно време во кариерата му беше соиграч во Јувентус.

– Конте ми беше капитен во Јувентус, многу работи проживеав со него. Можам да кажам дека е тренер исто како кога беше играч, тој е роден лидер. Беше лидер на теренот, сега е лидер и како тренер, -изјави Зидан а потоа се осврна и на натпреварот.

– Минатиот пат игравме многу тежок натпревар, но на крајот добро завршивме. Не очекувам да бидеме на врвно ниво секоја минута. Секогаш ќе има тешки моменти, не само за нас туку и за сите тимови. Еднакво тешко ќе биде и против Интер, -изјави Зидан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни