Поврзете се со нас

Шпанија

Зидан: Пред нас се 11 финалиња, ќе дадеме се за да ја освоиме титулата

Објавено

на

Тимот на Реал Мадрид утре ќе го има првиот тест по рестартот на сезоната во Примера и тоа против Еибар.

Ова е дуел кој ќе покаже во каква форма се „кралевите“ и како, дали паузата поради коронавирусот влијаела врз нив. Според тренерот Зинедин Зидан тие се подготвени да одговорат, покажат што знаат на овој меч како и на сите останати до крајот на актуелнава кампања.

-Моите играчи како е да се игра во завршница на сезоната. Најважна е подготовката и ние многу добро се подготвивме. Ние се подготвивме, верувам во тоа што го направивме и сега тоа треба да го докажеме. Имаме среќа што повторно играме.

-Работевме многу добро физички. Подготвени сме за почеток. Заостануваме два бода и имаме уште 11 финалиња. Ќе дадеме се од себе да ја освоиме титулата, -порача Зидан.

Реал е на второто место со два бода минус во однос на лидерот Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни