Поврзете се со нас

Свет

Зидан: Поради него станав играч каков што бев, еден ден ќе бидам тренер…

Објавено

на

Зинедин Зидан е едно големо име на светскиот фудбал, маестро кој ја одбележа последната деценија од минатиот век и почетните години од оваа нова ера.

Потоа тој му се посвети на тренерскиот занает и за кратко време направи вистински бум во Реал Мадрид каде во два мандати ги освои сите можни пехари меѓу кои и три во Лигата на шампионите.

Французинот веќе некое време мирува и не е активен што за многумина е изненадување со оглед на забележаните успеси, меѓутоа Зизу е мирен, спокоен и призна дека во иднина сака да работи во Италија.

-Зошто да не, се може да се случи. Би сакал еден ден да бидам тренер во Италија. Во моментов не тренирам, но зошто да не? Ми се допаѓа Италија и ми се допаѓа што го сакаат фудбалот во Италија, -истакна Зидан кој во кариерата мина пет години на Апенините и притоа собра искуство кое потоа многу му помогна.

-Како тренер научив многу и од Липи и од Карло Анчелоти. Липи беше првиот тренер кој навистина веруваше во мене. Тој ме донесе во Јуве и станав играч каков што бев благодарение на него, -откри славниот ас за „Скај Спорт Италија“ и „ДАЗН“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни