Поврзете се со нас

Шпанија

Зидан по најавите за заминување од Реал: Не знам дали сум вистинскиот избор

Објавено

на

Одредени медиуми пред извесен период објавија дека Зинедин Зидан веќе не можел да ги издржи притисоците од јавноста и целокупната затегната ситуација поради ковид протоколите и сериозно размислувал за повлекување од Реал Мадрид по крајот на сезоната.

Сега, неколку дена по објавените информации со коментар се јави и самиот Зидан кој призна дека не знае дали е вистинскиот избор за клубот и посочи дека никогаш нема да му отежнува на Реал Мадрид доколку од таму се одлучат да се разделат со него.

– Прво да ја завршиме сезоната па ќе размислуваме за се. Можам да кажам дека што и да биде одлуката, јас ќе му олеснам на клубот затоа што од Реал ми дадоа се. Сите си ја работат својата работа. Не размислувам за критиките, а дали сум одговорен? Секако. И кога победуваме и кога губиме дел од одговорноста е моја.

– Не знам дали сум вистинскиот избор, но во моментов сум тренер на Реал Мадрид. Ќе им ги олеснам работите, но сега фокусот ни е на останатите натпревари и крајот на сезоната и тоа ме мотивира, се останато се само празни зборови, -изјави Зидан.

Инаку, по денешното реми помеѓу Атлетико Мадрид и Барселона, Реал Мадрид може да се врати на челната позиција во Ла Лига со победа против тимот на Севилја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни